Следи нѐ
To Top

Распродаден е концертот на светската атракција 2CELLOS во Скопје!

Речиси четири недели пред закажаниот термин за концертот на 2CELLOS (Ту Челос) во Скопје, влезниците се целосно распродадени!

Големиот интерес за овој музички настан беше очигледен од првото најавување на концертот, кој ќе се одржи на 4. декември во „Метрополис Арена“ во Скопје. Сите оние кои своите билети ги купија на време, на во „Метрополис Арена“ ќе можат да влезат од 19:30 часот, а маестралните 2CELLOS ќе излезат на бината во 20:30 часот.

реклама

Супергрупата од двајца, 2CELLOS на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоија целиот свет, доаѓаат во рамки на офф-програмата на годинашното издание на „Таксират“ фестивал. 2CELLOS со секој свој настап гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус, а во Скопје групата настапува прв пат и тоа во атмосфера и арена која најмногу доликува за спектаклот кој таа го приредува.

Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена секаде во светот. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет и особено се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија. Повод за концертот во Скопје е и нивниот нов, трет студиски албум – „Celloverse“ (Человерс) кој го објавија годинава и на кој покрај преработките на светските хитови во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.

“Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во ’60-те го гледав Џими Хендрикс” – вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS.

Во „Метрополис Арена“ на 4. декември нѐ очекува вистински музички раритет, а во извонредната виртуозност на 2CELLOS ќе уживаат вистинските љубители кои имаа среќа на време да ги купат билетите!

Покрај овој концерт, во рамки на Таксират Фестивал ќе се одржат повеќе натсани, од кои веќе најавени се: втората „ПИН“ музичка конференција на 27. и 28. ноември, „ЛУЗЕР ФЕСТ“ на 28. ноември, концертот на „РУНДЕК КАРГО ТРИО“ на 30. ноември, македонската премиера на најгледаната претстава во регионот „ЃУРОЛОГИЈА“ на 3. декември и секако, главната вечер на „ТАКСИРАТ“ на 7. декември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.