//
Следи нѐ
To Top

Давид Темелков го освојува Балканот: Промовиран новиот сингл „Беше се“

Македонскиот пејач Давид Темелков го претстави својот нов сингл „Беше се“, кој има верзија и на хрватски јазик насловена „Bila je bolja“. 

Музиката и аранжманот за песната го потпишува проверениот хит-мејкер Миро Буљан, додека во продукциската обработка учествувал уште еден великан на музичката сцена, Тони Цетински.

реклама

Автор на текстот за верзијата на македонски јазик е Огнен Неделковски, додека на хрватската верзија Соња Буљан.

Давид (22), кој се прослави преку талент шоуто „Икс Фактор Адрија“, во музичките води е од неговата 12-та година, кога настапи на првиот натпревар. Тој веќе ги има почувствувано светлата на големата музичка сцена, кога како гостин настапуваше на концертите на Тони Цетински во Хрватска и Словенија, а на овогодишниот Охридски фестивал го освои третото место.

– Сметам дека авторскиот тим зборува се за песната, а јас сум многу задоволен со финалниот производ. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне песната и ќе ја почувствуваат целата емоција која јас ја чувствував додека ја снимав, вели Давид.

Како што објави хрватскиот портал Индекс, воодушевувањето од песната не го крие нити Тони Цетински.

– По Јуре Брклаќ еве уште еден мој нов и млад пејач-генијалец кој се вика Давид Темелков. Истата песна е снимена и на македонски јазик под име „Беше се“, а изработени се и видео спотови на двата јазика чија премиера се очекува наскоро. Уживајте и откријте која верзија повеќе ја сакате, порача Цетински.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: