//
Следи нѐ
To Top

НОКАУТ помогна каратистот Филип Несторовски да замине на првенство во Џакарта

“Јас, Несторовски Филип роден на 23.04.2000 година, член на Карате клубот “Металург” имам постигнато врвни резултати како на домашни така и на меѓународни натпреварувања.Сум бил повеќекратен државен првак (6 години по ред) балкански, медитерански и светски шампион и вицешампион. Со освојување на прво место на Државното и Медитерански првенство обезбедив пласман да ја претставувам Македонија на престојното светско првенсто во Џакарта, Индонезија. Ве молиме доколку сте во можност финансиски да ми овозможите учество на Светското првенство. Однапред ви благодарам”.

Ова е пораката која по некоја случајност дошла и до членовите на групата Нокаут, заради која одлучиле дел од финансиските средства предвидени за снимање на нов видео запис, да ги пренаменат и да му помогнат на Филип, целосно покривајќи му го престојот во Џакарта.

реклама

Благодарение на нивната брза реакција, Филип на време купи авионска карта, кимоно, штитници, тренерки и се што му е потребно од опрема, и замина во Џакарта каде веќе ги брани боите на македонското знаме.

“НОКАУТ како и секогаш несебично ги поддржува младите и успешни таленти, било финансиски било со учество на хуманитарни концерти. Во случајов, клубот на Филип “Металург” веројатно е во финансиска криза и нема доволно средства да одвои за него, па кога по социјалните мрежи наидовме на неговото барање за спонзорство, одлучивме да ги пренамениме средствата и да му помогнеме. Познавајќи го овој вонсериски талентиран каратист, кој на многу првенства настапува под македонско знаме, не се сомневаме дека и овој пат ќе постигне врвни резултати.Многу ни е важно да нагласиме дека нам не ни е целта да се пофалиме пред јавноста дека донираме средства, туку сакаме да ја кренеме свеста, да ја искористиме нашата позиција како јавни личности за да укажеме на проблемите со кои се соочуваат ваквите и слични таленти и македонски репрезенти. За жал, се почесто се случува да прочитаме по медиумите како некој млад ум или спортист не успеал да замине на значаен натпревар, само затоа што немал доволно средства за тоа. А, токму тие се нашите вистински амбасадори. Токму тие го запознаваат светот со богатствата на Македонија и македонскиот народ”, вели фронтменот на НОКАУТ, Никола Перевски Пере.

12118983_1711107822452318_5842265465010329464_n[1]

Филип Несторовски тренира карате од својата 6-та година. На 10 години се префрлил на борби и од тогаш до сега секоја година е државен првак, а не престанува да освојува и меѓународни турнири. Има преку 300 златни медаљи, но и повеќе признанија од меѓународни турнири на кои бил прогласен за најатрактивен борец на натпреварот. Има 400 последователни победи, без ниту еден пораз од каратист на Балканов и Европа. Но, ете нема доволно пари за да продолжи да реди успеси.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: