Следи нѐ
To Top

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хоророт во Париз – мртви луѓе на улиците, обид за бегство преку балконите

Во серијата терористички напади во Париз загинаа најмалку 153, а над 200 лица се повредени, од кои 80 се во потешка здравствена состојба јавуваат француските медиуми.

Во серијата пукања, експлозии и заложничка криза, засега не може да биде потврден бројот на терористи кои учествувале во нападот.

реклама

Според досегашните извештаи, кои се ажурираат од минута во минута, во центарот на Париз убиени се 153 лица, од кои најмалку 112 во масакрот во концертната сала Батаклан.

Француски „Ле Монд“ објави вознемирувачка снимка која го доловува ужасот со кој се соочувале жителите на Париз синоќаза време на терористичките напади.

На снимката се гледа како луѓето се обидуваат да избегаат од заден излез од еден објект, додека од внатре се слушаат постојани истрели. На улицата пред излезот веќе лежат неколкумина мртви, а дел од тие што бегаат се ранети и одвај се движат. На снимката се гледа и една жена која безпомошно виси од еден од балконите на зградата.

Нападите се изведени на шест локации, при што осум напаѓачите се мртви и неофицијално, нема преживеани терористи. Од осуммината напаѓачи, седуммина се разнеле и сами си го одзеле животот, активирајќи го експлозивот кој им бил закачен на појасот. Четворица извршители биле во салата Батаклан, од кои тројца се разнеле кога полицијата упадна во салата каде се одржувал концерт на дед метал група. Уште тројца се разнеле во близина на стадионот „Стад де Франс“, а еден во улица во источен дел на Париз.

Француските власти се уште не потврдија дали се убиени или приведени помагачи на извршителите на терористичките напади.

Засега не е познат бројот на повредени или убиени полицајци, а во текот на ноќта се појавија информации дека најмалку цетворица од нив настрадале.

2E6D5A4500000578-3317776-image-a-7_1447476332399[1]

Француските аналитичари оценуваат дека нападите ги извеле „домашни терористи“, кои живееле во Франција. Аналитичарите сметаат дека напаѓачите биле добро обучени, дека го познавале градот и биле добро координирани.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот, но познато е дека напаѓачите извикувале „Алах Акбар“, а според некои сведоци викале и „Ова е за Сирија“. Исламска држава на социјалните мрежи покрена акција на прославување на нападите во Париз. ИД и нивните поддржувачи синоќа покренаат хаштаг „Париз гори“ на арапски јазик, што наиде на бројни приврзаници, но и на бројни осуди.

Инаку, првиот од вкупно шестте напади се случил околу 21.20 минути. Во Ле Карелон, каде е многу жив ноќниот живот, напаќач околу 21.20 минути излегол од возилото, отворил оган и потоа се оддалечил. Во популарниот ресторан Ле Пети Камбоџ, исто во 10 арондисман, убиени се десетина луѓе од возило во движење. Во пицеријата Ла Каса Ностра во 10 арондисман, напаѓач излегол од возилотот и пукал во луѓето кои вечерале. Потоа, во близина на фудбалскиот стадион Стад де Франс, на северот на Париз изведен е самоубиствен напад со експлозив. Во кафулето Ла Бел Екип двајца напаќачи пукале во посетителите околу три минути и потоа побегнале. Најсмртоносниот напад се случи во салата Батаклан, во 11 арондисман, каде четворица напаѓачи влегле на концертот, зеле заложници, и потоа активирајќи го експлозивот убија 112 лица.

2E6D63E300000578-3317776-Some_at_the_Bataclan_concert_hall_escaped_through_an_emergency_e-a-89_1447468249220[1]

По грозоморните терористички напади, Франција прогласи вонредна состојба и ги зтавори границите.

Во тек е најопсежната акција во историјата на француската полиција, во која учествуваат 30.000 полицајци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.