Следи нѐ
To Top

Сончево со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Преку денот ќе има и мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 14 до 24 степени.

реклама

Во Скопје слично време и температура од четири до 20 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност и се уште релативно топло за овој период од годината. Благ пад на температурата се очекува в недела, но се уште ќе има услови за слаба утринска магла по одделни котлини и по речните долини, особено повеќе во долниот тек на Повардарјето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.