Следи нѐ
To Top

Социјалните мрежи за нападот во Париз: Фејсбук активираше „сигурносна ознака“, Твитер помага во згрижување на најзагрозените

Социјалните мрежи се активираа за помош на повредените и жртвите од терористичкиот напад во Париз.

Фејсбук активираше „сигурносна ознака“ која ви овозможува да означите дека сте на сигурно, и во исто време да ги проверите вашите пријатели и фамилијата.

реклама

– „Моите мисли и молитви се со фамилиите на загинатите и повредените во Париз. Насилство како ова нема место во ниту еден град или држава во светот“, објави на својот фејсбук профил Марк Цукенберг.

Твитер корисниците го активираа хаш-тагот #PorteOuverte (отворена врата), преку кој се нуди сместување на сите повредени и бездомниците кои се надвор на улиците за време на терористичките напади.

На сличен начин функционираат и #PrayforParis и #ParisAttacks каде милиони луѓе во секоја минута испраќаат над 5,000 објави во знак на поддршка и молитви за граѓаните на Париз.


ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.