Следи нѐ
To Top

Терористички напади во Париз: Што знаеме досега?

Главната престолнина на Франција е во шок по серијата терористички напади на различни локации во градот изминатата ноќ.

Што се случи?

2E6D5A4500000578-3317776-image-a-7_1447476332399[1]

реклама

— Координирани напади се случија на 6 локации низ Париз, вклучувајќи театар, стадион и најмалку два ресторана

— Најмалку 153 лица се убиени според француските власти. Парискиот градоначалник апелира – бројката на мртви ќе расте.

— Осум терористи се мртви, седум од нив извршиле самоубиство со бомби околу своето тело.

— Полицијата се уште истражува дали има уште терористи вклучени во нападите. Градот е целосно блокиран.

— Никој нема преземено одговорност врз нападите.

— Францускиот претседател Оланд присуствувал на натпреварот Франција-Германија каде е извршен еден од терористичките напади.

Каде биле нападите?

151113232645-map-paris-terror-attacks-inset-update-exlarge-169[1]

Концертна сала Bataclan

— Најмалку 112 убиени млади лица

— Полицијата насилно влегла во салата, убиени се 4 напаѓачи, 3 од нив се самоубиле

— Американскиот бенд “Eagles of Death Metal,” настапувал во салата

— Сведок кој го преживеал нападот за француските медиуми изјавил дека напаѓачите извикале “Алаху Акбар.”

— Сведок изјавил: Нѐ пукаа како да сме птици

Стадионот на Франција

— 4 луѓе се убиени надвор од стадионот

— За време на нападот, Франција играла пријателски фудбалски меч со Германија

— За време на мечот, се слушнале три силни експлозии – една од експлозиите била самоубиство на напаѓач со бомби

Други локации

— Најмалку 14 мртви во близина на ресторан во Париз

— Најмалку 19 мртви во близина на кафе-бар во центарот на Париз.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.