//
Следи нѐ
To Top

Виталиа освои 6 нови егзотични дестинации

Шест нации со различни култури и навики во исхраната од неодамна имаат нешто заедничко и тоа од Македонија. Тоа е Виталиа, познатиот македонски производител на здрава храна кој го направи својот прв извоз во Малезија, Сејшели, Тајван, Маурциус, Панама и Куракао.

„Извозот на овие шест нови пазари е огромен успех кон ширење на брендот во светски рамки. Вклучувајќи ги овие шест нови држави, денес производите на Виталиа се достапни во 35 земји ширум светот. Ова е уште една потврда дека Виталиа создава врвни здрави производи според светски стандарди чиј квалитет и оригиналност го препознаваат потрошувачите на сите меридијани, без оглед на геогравската положба и културата.”- изјавија од Виталиа.

реклама

Од неодамна повеќе од 50 производи под брендот Виталиа се достапни во овие шест земји и тоа позиционирани на рафтовите на премиум супермаркетите, во категоријата на здрава и функционална храна.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: