Следи нѐ
To Top

Антонио Бандерас сака да стане моден дизајнер

Шпанскиот актер Антонио Бандерас и покрај преголемата ангажираност во Холивуд, сака да стане и моден дизајнер.

Славниот актер досега се обиде како режисер и продуцент, но сега сака да научи нов занает и да го освои светот на модата.

реклама

Деновиве тој го посетува академијата „Сентрал Сент Маринс“, која важи за еден од водечките колеџи на модниот дизајн во светот. Меѓу студентите на овој колеџ биле и Стела Мекартни и Џон Галијано.

Страста кон мода не е нова за Бандерас и таа датира уште од времето кога го лансира неговиот прв парфем.

– Во последните 19 години работев на неколку парфеми, а тој свет е близок на светот на модата, вели популарниот „кршач на срца“, кој во меѓувреме основа и компанија за дизајн.

Иако има успеси на планот на модата, Бандерас сака и дополнително да се образува.

– Сакам се да научам, изјави Бандерас во интервју за списанието „Пипл“.

Тој објасни дека веќе научил да креира сопствени кошули, а моментно учи да прави скици и цртежи и да шие, што, како што призна, е многу тешко отколку што мислел.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.