Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, температура до 21 степен

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облчаност и со слаб претежно јужен ветер. По одделни котлини наутро ќе има услови за слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 15 до 21 степен.

реклама

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 18 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде релативно топло и стабилно. По одделни котлини и речни делови ќе има слаба магла.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен до повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.