//
Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала „Батаклан“ во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, Иванов запали свеќа и положи цвеќе на ова место каде стотици граѓани на Париз, секојдневно оддаваат почит за жртвите.

– Со самото наше присуство на овој Самит, укажуваме дека целта која што ја имале терористите не ја постигнаа, не не исплашија. Ние дојдовме тука да бидеме солидарни и со парижаните и со Французите, и да се соочиме со оваа нова реалност, која создава психоза и страв кај граѓаните, кај луѓето. Како што кажав во една моја изјава, ова не е напад само на Париз и само на Франција, ова е напад врз целиот цивилизиран свет, уништување на сите придобивки кои се создадени со дијалог и со почитување меѓу луѓето, изјави македонскиот претседател.

реклама

132897940

Во терористичките напади во Париз, вкупно 129 лица го загубија животот и 352 беа ранети. На местата каде беа извршени грозоморните чинови, во текот на целиот ден,  спонтано се собираат илјадници граѓани, во знак на осуда на тероризмот и почит кон жртвите. Меѓу загинатите во терористичките напади, немаше македонски државјани.

Претседателот Иванов оствари средба и со претставници на македонската дијаспора во Париз.

– На средбата со нив ми беше искажано сето она што се чувствува деновиве во Париз, но и нивната храброст да се соочат со сево ова што се случува. Имаме среќна околност што ниту еден од Македонските граѓани ниту е повреден, ниту бил дел од овие немили настани. Тие испраќаат пораки  до сите свои роднини во Македонија, да не се грижат за нив, дека тие се веќе подолго време тука, ги знаат сите околности и се соочуваат со сите овие предизвици што постојат, изјави претседателот Иванов.

132897935

Македонскиот претседател, вчера во Париз, се обрати на лидерскиот форум на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО,  на тема „70 години УНЕСКО – мир и одржлив развој во сложен свет“, од каде порача дека повеќе од кога и да е порано, на светот денес му е потребно УНЕСКО и дека нема да дозволиме на терористите да ни ги одземат мирот, слободата и правдата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: