//
Следи нѐ
To Top

ФОТО: Што прават актерите од „Сам дома“ 25 години подоцна?

Поминаа 25 години од телевизиската премиера на еден од најпопуларните „божиќни“ филмови на сите времиња „Сам дома“.

Филмот своето деби го имаше во 1990 година, по што беа снимен уште четири продолженија, а тогаш десетгодишниот Меколи Калкин стана детска суперѕвезда.

реклама

На 12-годишна возраст Калкин веќе стана милионер, а денес овој 35-годишник се бори со депресијата и зависности, свири во еден бенд и се занимава со сликарство.

1

Во 2012 година се предозираше со хероин, по што беше на лекување и сега тврди дека е „чист“, но таа зависност ја замени за друга – денес пуши и по 60 цигари дневно.

Кетрин О’Хара и Џон Херд во филмот ги играа неговите родители. Канадската актерка во изминативе две децении освои Еми наградата, а сега, кога има 61 година, настапува во серијата „Schitt’s Creek“. Џон (70), исто така, одигра низа успешни филмски улоги.

2

Крадците кои ги измами малиот Кевин, исто така се променети. Џое Пеши (72) и Даниел Стерн (58) изградија успешни актерски кариери, како на филмот, така и во телевизиски серии.

3

Пеши во 1999 година го напушти актерството и се посвети на неговата музичка кариера. Последен пат се појави на тв-екраните во 2010 година во шоуто „Love Ranch“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: