//
Следи нѐ
To Top

Најмалку тројца загинати во антитерористичка акција во Сен Дени

Најмалку тројца терористи се убиени утрово, а тројца други се уапсени во антитерористичка акција на француската полиција во центарот на париското предградие Сен Дени, каде во еден стан беа збарикадирани повеќе вооружени лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Специјалните сили на француската полиција (Раид) рано изутринава почнаа антитерористчка акција во Сен Дени, чија цел е апсење на Абделхамид Абауд, кој се смета за организаторот на нападите во Париз од 13 ноември.

реклама

Во рамки на истрагата за нападите полицијата утврдила дека во центарот на Сен Дени се крие група на терористи, при што во 4:30 часот интервенирале специјалните сили на полицијата.

Во тој момент бил убиен еден од терористите, додека една жена се разнесла со екплозив. Околу 7:30 часот, полицијата убила уште еден терорст и упсила тројца други.

Според француските медиуми, на само стотина метри од овој апартман биле уапсени уште неколку други лица, осмночинеи за тероризам.

За време на интервенцијата на полицијата на локалните жители им беше препорачано да не излегуваат од своите домови. Поради акцијата во прекин е и јавниот превоз во Сен Дени, а локланите власти соопштија дека училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени.

Според француските медиуми, при операцијата се повредени повеќе полицајци.

Првите истрели во регионот се слушнале околу 4:30 часот, а околу 5 часот покрај истрели, оддекнале и неколку детонации. Околу 5:20 интензитето на престрелките се намалил, но во реонот почнале да се слуша завивање на сирени, веројатно на амбулантми и полицикаи возила/

Полицијата го евакуира плоштадот „Жан Жорес“ каде се наоѓа седиштето на општинската управа, а евакуирана е и една големата пешачка улица, како и уште две други улици.

Еден од петочните напади се случи во Сен Дени, кога во близина на стадионот „Стад де Франс“ се разнесе еден бомбаш-самоубиец, убивајќи едно лице и ранувајќи триесетина други.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: