//
Следи нѐ
To Top

Променет датумот на одржување на тројниот концерт на Илиќ, Брунлиќ и Лончаревиќ

Тимот задолжен за организацијата на тројниот концерт на Мирослав Илиќ, Зорица Брунцлиќ и Xенан Лончаревиќ известува дека наместо на 4 декември, како што веќе беше најавено, концертот ќе биде одржан во нов термин.

Локацијата останува иста – арена “Борис Трајковски”, но датумот од оправдани причини ќе претрпи промени.

реклама

Причините заради кои дојде до промена на датумот се од приватна природа на еден од изведувачите, па заради тоа ве молиме за разбирање.

Оние кои веќе набавиле влезници истите можат да ги зачуваат и да ги искористат во новиот термин или можат да си ги повратат средствата на продажните места каде што ги набавиле влезниците.

Деталите околу новиот термин ќе ви бидат соопштени наскоро.

Значи, освен новиот датум за концерт се друго останува исто – троен концерт, три фолк имиња од соседството – Зорица Брунцлиќ, Мирослав Илиќ и Xенан Лончаревиќ и незаборавна музичка вечер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.