Поврзи се со нас

Популарно.мк

Шест лица повредени во 11 сообраќајки во Скопје

Актуелно

Шест лица повредени во 11 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје – од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци, еден возач на мотоцикл и еден сопатник на мотоцикл.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 15 часот и 10 минути на регионалниот пат Скопје – Куманово во која учествувало патничко моторно возило „форд мондео“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на Арачиново кој од непознати причини изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот во десно и се превртел на кров. Во незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош при што констатирани му се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ одделение.

Денеска со почеток во 14 часот на крстосницата од бул. „Србија“ и бул. „Трета македонска бригада“ ќе се одржи манифестација во рамките на Детскиот ден „Сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“ во која активно учество ќе земат учениците од Средното училиште „Владо Тасевски“ кои со едноминутно молчење ќе оддадат почит на загинатите во сообраќајните незгоди. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедувањ на сообраќајот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.