Следи нѐ
To Top

Дејвид Ковердејл – голема ѕвезда со скромни барања за претстојниот концерт во Скопје

Старо правило е дека колку ѕвездата е поголема, толку е поскромна личност без претерани барања. Иако е еден од најдобрите пејачи на светот и рокенрол икона, Дејвид Ковердејл е многу скромен во своите барања за скопскиот концерт на „Вајтснејк“, кој ќе се одржи идната среда во арената „Борис Трајковски“, во организација на Авалон продукција.

Неговата рајдер листа е повеќе од стандардна- единствено издвоено барање во списокот е тегла со домашен органски мед. Што се однесува до пијалоците, господинот Ковердејл предност им дава на безалкохолното пиво, сок од алое и вода која мора да биде на собна температура.

реклама

Дејвид Ковердејл инсистира да не се пушат цигари во негова близина. Исто така, сите простории во кои ќе престојува, треба да имаат посебни корпи за рециклирање на хартија, пластика и стакло.

Останатите членови на „Вајтснејк“, пак, имаат малку поголеми побарувања. Во гардеробата мора да има телевизор со сателитски канали за да можат да ги следат сите спортски случувања и натпревари. Исто така очекуваат да имаат и американски весници, како „Њујорк тајмс“ и „Јуесеј тудеј“.

За разлика од Ковердејл, нивната листа на пијалоци е богата и разновидна- од Кока Кола и свежо цедени сокови, вода на собна температура, до Апсолут вотка и Џек Даниелс. Бараат овошје и зеленчук исклучиво од органско потекло, а грицки, чоколада и овесни снегукли се подразбираат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.