Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Ајде да се муваме

Некогаш „Хајде да се волимо“ сега „ Ајде да се муваме“ – љубовен избор или реизбор на љубовта?Љубовта или сакањето добија нов неологизам, жаргонизам (читај идиотизам) т.н. „мување“ или површни љубовни врски без обврски.

Страв од прерано партнерско врзување или влегување во брак пред да се пробаат сите можни искуства е одбранбен механизам или мит на современата партнерска култура за рационален избор на идеален партнер. Рационален избор? Кога големиот психоаналитичар Фројд го прашале дали треба да се ожени со одредена и рационално одбрана жена, одговорил дека за избор на малите нешта во животот треба многу повеќе да се размислува отколку за големите нешта, како на пример женидбата.

реклама

Парадоксално и Фројдовски , но реално при избор на љубовта човекот почесто е ирационален отколку рационален, многу почесто не контролира потсвеста отколку свеста. Желбата за потрага по идеален партнер е исто што и потрага по подобра телефонска или интернет услуга, секогаш има подобра!

Еротски ќорсокак е кога сакаме да се ослободиме од стравувања и неизвесноста во љубовта произлезени од копнежот и страста кон партнерот. Ништо поеротично од стравување и копнеење во љубовта, нејзините афродизијаци кои ја одржуваат во потенција и додека спие…Таквите емоции не се доживуваат со краткотрајно „мување“ туку со долгорочно водење љубов.
Копнежот и забраната се исто така чести опоненти на љубовта, забранетото овошје најслатко е!

Но популистичкото сфаќање на библиската приказна ни дава за право да ја прифатиме идејата дека забранетите врски ја одржуваат брачната монотонија. Каков парадокс, превенција за идеален брак е вонбрачна врска без обврска или „мување за возрасни“ – та не се само младите за критики!

Таквиот популизам убедува дека сексуалната возбуда исчезнува после долги години брачна моногамија (читај монотонија). „Утешение грешним“ за гревовите на грешните, оправдани само и единствено во име на љубовта, оти „љубовта е моќна ко смртта што е моќна, а страста тешка ко сиот подземен свет – нејзина искра е пламен од господ Бог “- стихови од библиската песна „Песна над песните“ посветена на страста и љубовта која и на царот Соломон му ја симнува круната…

Во име на љубовта, не се мувајте – сакајте се, долгорочно и вечно, оти секоја вечност е кратка!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза на Светскиот ден на книгата…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција! реклама

    Татјана Алексиќноември 19, 2015
  • Епидемија на депресија

    „Смртоносната мода“ му се заканува на светот како епидемија поубиствена и од канцерот. Секој десетти човек има меланхоличен израз на лицето,...

    Татјана Алексиќноември 19, 2015
  • Небиднина…

    Подобро чесно да пропаднам отколку да победам на нечесен начин“ – максима на мудриот Сократ кој знаел дека ништо не знае...

    Татјана Алексиќноември 19, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.