Следи нѐ
To Top

Во недела РК Барселона ќе игра против РК Вардар во СЦ „Јане Сандански“

Гостувањето на европскиот првак Барселона во СЦ „Јане Сандански” во недела (17,45 часот) во рамките од Б групата на Лигата на шампионите освен што предизвикува големо медиумско интересирање, е и шанса за реванш на нашите момци.

На првиот натпревар Барселона победи со 31-30, а сега првпат шпанскиот клуб ќе се соочи со вулканот во нашата сала, и поддршката што ќе ја имаат „црвено-црните” од трибините. Капацитетот на салата одамна е распродаден, што укажува на атмсофера кој ќе ни оди нам во прилог.

реклама

Со екипата тренираат сите, па и повредните Стојанче Стоилов и Илија Абутовиќ. Кому ќе му даде доверба тренерот Раул Гонзалез ќе се знае во недела наутро кога ќе биде објавен и списокот од 16 ракометари.

Раул Гонзалез – тренер на Вардар

Ќе играме пак со Барселона во период од една недела. Игравме кај нив и загубивме со еден гол. Таму игравме добро, но не и супер, имавме потешкотии со патување и многуте натпревари. Не игравме со 100 отсто и бевме малку уморни. Играчите беа со репрезентациите и дојдоа малку уморни.

Неделава имавме два дена одмор, трениравме добро. Мораме да играме со 100 отсто, треба добро во одбрана и напад, треба да ја искористиме контрата. Мора да ги искористиме сите шанси што ќе ни се укажат, зашто кога се игра со Барселона не значи дека ќе победиш ако играш само добро.

Кога навивачите се тука, ќе биде подобро за нас, ние тука играме 100 отсто секогаш. Треба да играме како против Кјелце. Ќе биде тешко, зашто никогаш незнаеш кога Барселона ќе игра добро. Никогаш не знаеш кога ќе играат тие добри, и треба да бидеме подготвени секогаш.

Алекс Душебаев – десен бек

Одигравме добро во Барселона, можеби малку ни требаше и среќа. Бевме добро подготвени, но сега сме и поодморни, и сега сме подобро подготвени. Недела е важен натпревар за нас. Занеме дека играме со европскиот првак. Со поддршка на нашите навивачи, треба да ги искористиме сите шанси. Ако одиграме одлично можеме да победиме. Барселона има добри играчи кои можат да го искористат својот ден, и треба да бидеме подготвени на тоа. Да бидеме подготвени и да не правиме грешки, и да ги спречиме нив во контра. Најважно е да одиграме она што го знаеме и што го подготвувавме.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.