Следи нѐ
To Top

Нов четири инчен „iPhone“ на база на „iPhone 5S“

Откако „Apple“ реши да им парира на конкурентите и да продава телефони од четири инчи, слушнавме многу шпекулации за карактеристиките на новиот „iPhone“.

Според последните, новиот „iPhone“ ќе се темели на моделот 5S, а не на 5C како што се претпоставуваше.

реклама

Дизајнот на новиот уред ќе биде исклучително налик на „iPhone 5S”, но ќе има некои промени во внатрешноста.

Наводно можеме да очекуваме да видиме А8 чип сет, како и подобрена Face Time HD камера со f/2.2 апертура, а покрај тоа телефонот ќе има поддршка за 802.11ac Wi-Fi и Bluetooth 4.1 поврзување.

Тоа се хардверските детали кои моментално се познати, а се знае и дека нема да има 3D Touch, кое ќе биде ексклузива на поголемите „iPhone“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.