Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремен дожд – на високите планини снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

реклама

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следниот период од утре до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нула, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.