Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар пропушти шанса да ја победи Барселона

Насловна фотографија: Драган Тануровски / Популарно.мк

Ракометарите на Вардар пропуштија голема можност да го совладаа актуелниот европски првак Барселона во натпревар од 8.коло на Лигата на шампионите, одигран вечерва во Скопје. Лошата игра во завршните 10-тина минути ги чинеше вардарци пораз со 25:27.

реклама

Бодрени од 6000 навивачи присутни во СЦ „Јане Сандански’’, вардарци одлично го започнаа натпреварот и веќе во 15-минута имаа четири голови предност (9:5). Европскиот првак возврати со серија од 4:1 за израмнување во 23-минута на 10:10. До крајот на првиот дел Вардар постигна 5, а Барселона 2 гола, па црвено-црните на одмор заминаа со три гола позитива (15:12).

DSC_0349 DSC_0493 DSC_0504 DSC_0578 DSC_1032 DSC_1044 DSC_1066
<
>

Во второто полувреме, македонскиот првак, речиси постојано одржуваше предност од год до три, се до 55-минута кога со седмиот гол Томас им донесе водство на гостите до Шпанија со 24:25.

Тоа како да им даде дополнителен мотив на гостите кои рутинирано ја одржуваа предноста во завршните 5-минути, за на крајот да се радуваат на победа со конечни 27:25.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Горбок со 5 гола, додека кај гостите Тунижанецот, Жалуз постигна 8 , Гонзалес беше стрелец на 7, а Кирил Лазаров постигна 4 гола.

Оваа рунда во „Б’’ групата ќе биде комплетирана со мечот меѓу Киелце – Колдинг, кој започна доцна попладнево.

Со победата Барселона ја задржа лидерската позиција на табелата сега со 13 бодови, пред Рајн Некар Ловен кој има 11, а Вардар остана на 10 колку што има и ПИК Сегед 10. По нив следуваат, Киелце 8 (-1 натпревар помалку), Кристијанштад 4, Монпелје 4 и Колдинг 2 (-1).

ФОТО: Драган Тануровски / Популарно.мк

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.