//
Следи нѐ
To Top

Ѓоковиќ со триумф во Лондон ја заврши сезоната

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е победник на завршниот АТП Мастер турнир во Лондон. Тој синоќа во финалето одиграно во „О2“ арената, го победи Швајцарецот Рожер Федерер во два сета со 6:3 и 6:4 во мечот кој траеше 1 час и 20 минути.

За Ѓоковиќ ова е петти триумф на завршниот триумф од Мастерс серијата, а четврти во низа, со што стана првиот тенисер со таков учинок.

реклама

За неговиот противник 32-годишниот Федерер ова беше јубилејно 10-то финале, но тој останува на шесте триумфи.

Воедно Ѓоковиќ го изедначи резултатот во меѓусебните пресметки со Швајцарецот па сега двајцата имаат по 22 победи.

– Одлична сезона за мене. За резултатите се заслужни сите од мојот тим, а секако во тоа предничи тренерот Борис Бекер. Следува период во кој ќе му се посветам на семејството. Долго го чекав овој момент, изјави првиот светски рекет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: