Следи нѐ
To Top

Љубојна најавува голем концерт во „Борис Трајковски“ на 17 декември

Горила продукција, Ви ја најавува македонската музичка сензација Љубојна, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба, со огромно задоволство ве покануваат на големиот пред-новогодишен концерт.

Концертите што последните неколку години во Скопје успешно ги свири групата, станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на групата Љубојна. Билетите ќе бидат пуштени во продажба во среда на 25 Ноември, во салоните на Оне, Југотон и останатите продажни места на www.mktickets.mk по промотивни цени.

реклама

Дојдете на 17 декември во 20.30 во арена Борис Трајковски и заедно со Љубојна во “Шербет” расположение запејте ја “Лено”, со “Музика на дланка” за “Песна за мојата песна”.

Љубојна и Исмаил Лумановски на почетокот на ноември го промовираа и новиот музички проект, за Љубојна седми студиски албум „Шербет Љубојна“, воедно e одлична најава за неколку часовниот концерт.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.