Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Биди тоа што си, но не егоистички…

Дали современиот капиталистички систем систематски ја лансира субјективната идеја спакувана во слоганот „Биди тоа што си “ (во стилот на модната икона Ева Херцигова “Be You”) секаде низ светот, за да ни го сервира модерниот американски мит дека човекот мора да е господар на својот живот?

Суштината на таквата илузија е умисленоста дека нашиот живот е во наши раце, дека рационално може да предвидиме како ќе си го организираме животот, што ќе биде со нашите деца, а и со децата на нашите деца, колку треба да се инвестира во љубовта, како да го контролираме сопственото тело, здравје, кариерата, успехот, како да се промениме за да бидеме посреќни…

Опседнати со себе си, веќе не можеме да мислиме за општествените проблеми, нив ќе ги оставиме да ги решава некој друг, платен за тоа! Нашите преокупации се нашите индивидуални промени, но не и општествени. Ако човекот работи само врз себе за да биде тоа што тој смета дека треба да биде, неговиот критички и ангажиран однос кон општеството станува пасивен, индиферентен. Свртени само кон себе си, идентификувани со сопствената слобода на изборот, ја засилуваме самокритичноста но и тегобноста на вечната дилема, дали сме направиле правилен избор, дали сме направиле премалку или премногу?

Ангажирани и преокупирани само со себе не размислуваме за општествените промени или избори, стануваме пасивни субјекти идеални за одржување на едно сурово егоистично општество… Умислени господари на својот живот – а за остатокот од светот баш ни е гајле!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќноември 25, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќноември 25, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќноември 25, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.