Следи нѐ
To Top

Whitesnake пристигнаа во Скопје!

Легендарните Whitesnake со приватен авион од Софија, предмалку пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

По фантастично посетените концерти викендов во Загреб и во Белград, организирани од Авалон продукција и синоќешниот распродаден концерт во Софија, великаните на светската рок сцена вечерва во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат уште едно спектакуларно рок шоу.

Whitesnake доаѓаат во рамките на историската Purple турнеја, која го промовира истоимениот албум- The Purple Album. За фановите од цела Македонија, Албанија, Косово и Грција, фронтменот на Whitesnake, David Coverdale ветува енергична и незаборавна забава со култните хитови што ги отпеа своевремено со Deep Purple, но и со своите најголемите хитови кои ја одбележаа светската рок сцена во последниве четири децении.

Вратите во арената „Борис Трајковски“ се отвораат од 19 часот. Концертот ќе го отвори The Dead Daises- бендот кој ги придружува Whitesnake на нивната европска турнеја, во 20.25 часот, додека легендарните рокери ќе го почнат својот настап точно во 21.30 часот. Билети има се’ уште во продажба на www.kupikartizase.com и во „Југотон“.

Сетлиста:

1.Burn
2.Bad Boys
3.Love Ain`t no Stranger
4.The Gypsy
5.Give me All Your Love
6.You keep on Movin`
7.Ain`t no Love in the Heart of the City
8.Guitar solos
9.Mistreated
10.You fool no one
11.Drum solo
12.Soldier of Fortune
13.Is this Love
14.Fool for Your Lovin`
15.Here I go Again
16.Still of the Night

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.