//
Следи нѐ
To Top

Шопинг манијата на Black Friday направи гужви во Skopje City Mall: Попустите и акциите привлечни за Македонците

Кој би рекол дека сликите со гужви пред големите молови и продавници од САД ќе ги видиме во живо и кај нас.

Најголемиот и најпопуларниот ден за шопинг во светот, Black Friday ги „полуде“ нашите граѓани кои уште рано утрово направија редови пред продавниците во Skopje City Mall и во 10:00 часот, кога беше отворен молот, буквално ги нападнаа истите. Шопинг манијата која се создава поради големите попусти, кои во продавниците во Skopje City Mall се движат до 70 отсто и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година, ги разбудија Скопјани кои денеска до полноќ можат да уживаат во Black Friday.

реклама

Со оваа промоција Скопје веќе традиционално, налик на светските метрополи e дел од Black Friday, шопинг манија препознатлива низ светот, која всушност е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.

Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот па до полноќ денеска, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Skopje City Mall кои покрај актуелните попусти кои ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти.

За износот на попустите и акциите одлучуваат исклучиво закупците во Скопје Сити Мол, така што изборот е голем и за одредени парчиња може да добиете до – 70% попуст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 27, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 27, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 27, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: