Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени.

реклама

Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.