Поврзи се со нас

Популарно.мк

Жешка забава со самовили, танчерки и „шотови“ во „Станица 26“

МК Сцена

Жешка забава со самовили, танчерки и „шотови“ во „Станица 26“

Самовила што оди на штули, егзотични танчерки во огледални костими, здравици со популарните „шотови“ и многу разиграни посетители беа главната декорација на забавата во организација на Jagermeister која се одржа во петокот во скопскиот клуб „Станица 26“.

Лудо, незаборавно и неверојатно забавно, беа едногласно оценките на сите присутни. Девојки и момчиња од цела Македонија до доцна во ноќта се забавуваа и танцуваа осветлени од стотици лед-светилки.

Освен разиграните танчерки и пијалокот Jagermeister кој се служеше во епрувети, атмосферата дополнително ја вжештија неколкуте домашни диџеи кои ангажирано цела ноќ го следеа ритамот на публиката.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.