Следи нѐ
To Top

Утре финална вечер на фестивалот „ТАКСИРАТ“

Утре (понеделник, 7ми декември) ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ги пречекува посетителите на одржувањето на главната вечер од годинашната програма со која во Метрополис Арена и официјално ќе биде затворено 17. издание на фестивалот.

Задолжени за 17. ТАКСИРАТ да остане запаметен како неповторливо позитивно доживување од нашето градско (не)секојдневие се шест исклучително квалитетни изведувачи кои на ТАКСИРАТ ги здружува препознатливоста по извонредните настапи во живо, а згора на тоа и фактот што секој од нив доаѓа на ТАКСИРАТ со посебен повод: или за прв пат гостуваат во Македонија или доаѓаат со остварување кое прв пат ќе го претстават токму пред публиката на ТАКСИРАТ.

реклама

На големата сцена во Метрополис Арена утре ќе имаме чест за прв пат да ги пречекаме шведската power/heavy метал атракција SABATON, жестоките каталонци LA PEGATINA и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен MODESTEP.

Покрај тоа, доаѓаат великаните на музичката авангарда LAIBACH кои токму на ТАКСИРАТ ќе го претстават својот нов албум „Spectre“ со првиот концерт од нивната светска турнеја закажана за 2016 година. Единствените претставници од домашната сцена се, ни повеќе ни помалку, туку легендите на македонската хип хоп сцена С.А.Ф. кои доаѓаат во полн состав и за прв пат ќе го изведат култниот албум „Сафизам“ во придружба на бенд, и тоа Little Big Band на џез мајсторот ТОНИ КИТАНОВСКИ.

За армијата фанови на 2CELLOS кои останаа без билет за нивниот солистички концерт, главната вечер на ТАКСИРАТ е нова прилика да го надополнат пропуштеното и да уживаат во енергичниот фестивалски перформанс на виртуозното хрватско дуо кое го освои светот.

Секој од изведувачите на главната вечер, на сцената во Метрополис Арена ќе се претстави со 60 минутен настап, освен диџеј составот на Британците MODESTEP кои со подолг сет ќе бидат задолжени за официјалното затворање на ТАКСИРАТ со својот моќен дабстеп звук кој молскавично ги освои фановите на овој жанр ширум целиот свет.

Влезот за посетителите ќе биде отворен од 19 часот. Музичката програма ќе започне во 20 часот и ќе трае сѐ до раните утрински часови.

РЕДОСЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА ТАКСИРАТ 17:
SABATON (Шведска)
LAIBACH (Словенија)
LA PEGATINA
2CELLOS
С.А.Ф. & ТОНИ КИТАНОВСКИ LITTLE BIG BAND (Македонија)
MODESTEP DJ set (Велика Британија)

Твое време е!
Преврти го Скопје наопаку!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.