Следи нѐ
To Top

Шест нови премиум вина на „Стоби“ од специјална серија достапни за македонските потрошувачи

Винаријата „Стоби“ пушти во продажба шест нови премиум вина од специјалната серија „Приватна резерва“ (Private Reserve). Станува збор за посебна линија која се состои од пет црвени и едно бело вино, произведени од грозје со врвен квалитет и зреени во дабови буриња.

Новите вина Акација, Аура, Аксиос, Аминта, Вердо и Веритас, кои денеска „Стоби“ официјално ги промовираше, го претставуваат „најдоброто меѓу најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата. Светлината и топлината на долгото македонско лето, темпераментот на античките винари, ориенталната аура на античката Персија, како и мекоста и топлината што ја нуди реката Вардар се само дел од вкусовите вткаени во секое од овие премиум вина.

реклама

Со богатството на вкусови и ароми како што се јужно овошје, праска, карамел, свежо печен леб, црвени бобинки, роза, ванила, тие ги пленуваат љубителите на виното и не ги оставаат рамнодушни ниту најпребирливите.

Shest novi premium vina na Stobi

Дека станува збор за премиум линија на вина покажува и елегентниот дизајн на шишињата кој специјално е избран за оваа серија. Комбинацијата од црна и сребрена боја извонредно го акцентира минималистичкиот дизајн, а ја нагласува елеганцијата и филигранското внимание кое што му е посветено на секое шише. Дизајнот на новата премиум линија на „Стоби“ дише во духот на македонската филигранска традиција, но истовремено совршено се вклопува во модерните дизајнерски текови.

– Кога еднаш ќе ве обземе магијата на создавање добро вино, комплетно се посветувате на создавање ремек-дело кое во себе ја содржи тајната и совршенството на универзумот. На тој пат кон совршенството успеавме да го оживееме речиси алхемичарскиот процес на создавање вино без компромиси – изјави Дане Јованов, директор на винаријата „Стоби“ на денешната промоција.

Со денешната промоција почнува и официјалната продажба на премиум вината на „Стоби“ на домашниот пазар, со што тие стануваат достапни за македонските потрошувачи. Поради квалитетот на премиум серијата се очекува новите вина за многу брзо време да ги придобијат вкусовите на пребирливите македонски потрошувачи. Во исто време, вината ќе почнат да се продаваат и во неколку земји во регионот, а во следната фаза оваа специјална серија ќе биде претставена и на повеќе светски пазари.

Од „Стоби“ најавуваат дека новите вина ќе бидат главниот адут на винаријата на претстојните меѓународни натпревари и вински саеми, каде што винаријата ќе ја оправда одличната репутација што ја има во изминатите години.

Винаријата „Стоби“ произведува висококвалитетни вина кои на пазарот исклучиво ги пласира во шише. Годишно произведува вкупно 4,5 милиони литри вино, од кои најголемиот дел, односно 75 отсто се пласира на 20 странски пазари.

Овој факт ја прави винаријата „Стоби“ втор најголем извозник на вино во шише од Македонија. Токму поради продажните бројки кои бележат нагорен тренд од година во година, во план е проширување на производните капацитети на винаријата во следниот период.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.