Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

За 24 часа во Скопје, 11 сообраќајки, 15 повредени, а пајакот отстранил 82 возила

Uncategorized

За 24 часа во Скопје, 11 сообраќајки, 15 повредени, а пајакот отстранил 82 возила

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, пет сопатници, тројца пешаци, еден велосипедист и еден патник во автобус.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден мотоциклист.

Од страна на сообраќајната полиција вчера откриени и санкционирани се 42 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 19 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Владо Трповски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.