Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најбараниот светски хип хоп изведувач Wiz Khalifa доаѓа на EXIT 2016!

Музика

Најбараниот светски хип хоп изведувач Wiz Khalifa доаѓа на EXIT 2016!

Најголемата светска хип хоп ѕвезда и едно од најзначајните музички имиња на денешницата Wiz Khalifa (Виз Калифа) прв пат ќе настапи на овие простори во недела, 10. јули на главната бина на „Егзит“ фестивал!

Wiz Khalifa доаѓа во Србија во врвот на својата популарност, откако оваа година ги покори светските топ листи со песната „See You Again“ од филмот „Furious 7“, а воедно и го изедначи рекордот на Еминем од 12 недели на првото место на американската топ листа. Истата песна достигна вртоглава бројка од 1.2 милијарда прегледувања на сајтот „Јутјуб“ и стана најгледаното видео оваа година и еден од трите најгледани спота на сите времиња!

Досегашните синглови на Wiz Khalifa исто така со леснотија достигнуваа до самиот трон на светската хип хоп сцена, па така во збир надминуваат три милијарди „Јутјуб“ прегледувања со кои овој изведувач станува еден од најпопуларните на светот. Подеднакво импозантна е и листата на соработници на Wiz, на која се запишаа и Bruno Mars (Бруно Марс), The Weeknd (Д Викнд),Snoop Dogg (Снуп Дог), Miley Cirus (Мајли Сајрус), Maroon 5 (Марун Фајв), Lily Allen (Лили Ален), will.i.am (Вилиам), 50 Cent (Фифти Сент) и бројни други.

Wiz Khalifa зад себе има и десет номинации за „Греми“ наградите, меѓу кои е и овогодишната, според многумина и најважната, за песна на годината. Препознатлив по истенчениот стил, раперот од Питсбург има своја модна линија, а тој е и актерска ѕвезда во неколку филмови, како што е и „Mac & Devin Go To High School“ каде главната улога ја дели со Snoop Dogg.

Дека е една од најбараните светски ѕвезди, најдобро говори фактот дека токму Wiz Khalifa ќе настапи пред милион фанови на глобално славниот дочек на Нова година на њујоршкиот „Тајмс сквер“!

Покрај Wiz, втората најактуелна рап сензација, и тоа од оваа страна на Атлантикот, на „Егзит“ доаѓа директно од јужен Лондон! Во моментов најбараниот европски рапер Stormzy (Стормзи) ќе настапи во недела 10. јули на главната бина и ќе покаже зошто тој е и официјално најдобриот ем-си во Европа. 22-годишниот рапер е автор на првиот сингл рапуван во слободен стил кој влезе во првите 40 на британската топ листа, но и првиот рапер кој доби покана да настапи кај Џулс Холанд!

За каква незапирлива сила станува збор, најдобро говори покренатата кампања за Stormzy да биде божиќниот хит број 1 на топ листата, позиција која во Велика Британија редовно ја освојува актуелната Икс-фактор ѕвезда. За целта да биде уште потешка, во трка е и Justin Bieber (Џастин Бибер), како и музичката тема на „Star Wars“ (Војна на ѕвездите), но и покрај тоа обложувачите на раперот му даваат огромни шанси за победа! Провокативниот пристап, општествено ангажираните текстови и несфатливиот талент за рапување беа причина Stormzy да ја освои „Мобо“ наградата за изведувач на 2015. година и да биде една од главните теми на социјалните мрежи ширум светот.

Еден од најубавите женски аренби и хип-хоп вокали, Ms Dynamite (Мис Дајнамајт), ќе настапи на првиот ден на „Егзит“ во рамки на омилената X-Bass (Икс-бејс) програма и големата прослава на јубилејот на Playaz(Плајаз) вечерта која веќе 20 години се одржува во култниот клуб „Фабрик“ во Лондон! Добитничка е на „Меркјури Мјузик“, две „Брит“ и три „Мобо“ награди, а DJ Fresh (Диџеј Фреш), Major Lazer (Мејџор Лејзер), Katy (Кејти), Yasmin (Јасмин) и Shy FX (Шај Ефикс) се само дел од нејзините соработници. Во рамки на истата прослава, на „Егзит“ доаѓа и великанот и пионер на бејс музиката, и еден од основачите на True Playaz (Тру Плајаз) бендот, незаменливиот DJ Hype (Диџеј Хајп), како и Subzero (Сабзиро). Кевин Форд, како што му е полното име, е повеќекратен добитник на наградите за најдобар бејс диџеј и сопственик на еден од најпопуларните драмендбејс ремикси на сите времиња, за песната „Ready or Not“. Летната химна „Afterglow“ која има повеќе од 47 милиони прегледувања на „Јутјуб“, ќе ја разигра Петроварадинската тврдина на 8. јули, бидејќи тогаш доаѓа неприкосновениот хитмејкер, Wilkinson (Вилкинсон)! Лондонскиот продуцент доминираше на британската листа на синглови со албумот „Lazers Not Included“, а ремиксите ги потпиша за имиња како што се Gorgon City (Горгон Сити), Chase & Status (Чејс енд Статус), Example (Егземпл) и Ed Sheeran (Ед Ширан). Кон листата на бејс ѕвезди ќе се придружат и популарните дабстеп рокери Modestep (Моудстеп), чие актуелно издание „London Road“ е прогласено за најдобар бејс албум во 2015. година! На главната бина на „Егзит“, ќе им се придружи и Ivy Lab(Ајви Лаб), одличната ликвид драмендбејс тројка од лондонската Critical (Критикал) етикета, а кое го сочинуваат Sabre, Stray и Halogenix.

Голема новогодишна акција: 1 влезница за 2 фестивала!

За време на новогодишната акција, влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по промотивната цена од 3.599 денари, со 70% попуст и соподарок влезница за „Си Денс“ фестивал! Строго ограничениот број на влезници во рамки на оваа акција во Македонија е достапен преку продажната мрежа на МКтикетс, а повеќе информации за новогодишната понуда можете да најдете на mktickets.mk и на exitfest.org.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.