Следи нѐ
To Top

ВО ПЕТОК ДОЗНАВАМЕ: „Што се тресе“ во МКЦ?

Во петок (25 декември) денсинг салата во МКЦ ќе ја тресе музичкиот микс од творештвата на „Фанк шуи“, „Плутос даутс“, „Чиста околина“, „Фулиш грин“.

Освен ова МКЦ ќе го тресе и необичниот начин на обезбедување влез за музички настан. Оној што не може да си купи карта ќе може да влезе испраќајќи работна биографија на: [email protected] со задолжително со назнака: [CV] име и презиме, најдоцна до 23 декември.

реклама

Тие ќе им бидат испратени на поддржувачите на овој настан. Значи, освен забава може да добиете и вработување.

Покрај основната цел, која бездруго стреми кон тоа пријатно да ве растресе, настанот нуди мало богатство од комплементарни искуства и потенцијална корист. Со партиципирање, си обезбедувате повеќечасовна бура на идеи поддржани од видеопроекции, концептуална изложба на дела во склоп на основната сценографија.

Posted by Што се тресе во МКЦ? on Monday, 14 December 2015

Кого ќе слушате на 25 декември?

DRAGI IVANOV (www.facebook.com/thisisdragiivanov) кој специјално за вас ќе долета од елитниот расадник на музика во смисла на едукација: Berklee college of music! Неговото интро, на чие обезбедување сме исклучитено горди, треба да функционира како звучен аперитив за АСТЕРОИД (www.facebook.com/asteroidoficijalen). Зборуваме за фотогенична бенд-збирштина од момци и девојки базирани во скопските гимназии. Полни потенцијали, алудираат на свежина, на Албер Ками, на пролет/полет и секогаш и недвосмислено Со љубов.

PLUTO’S DOUBTS (www.facebook.com/plutosdoubts)! Бендот што оваа есен се излизга како овошен бокал на радиобрановите и ги заинтересира девојките да научат што значи „аршин“ (и со тоа секако придонесе кон збогатување на речникот меѓу младата популација), бендот што е бенд и е опасно во тренд. Одржувајќи го принципот на растечка атмосфера, наредни ќе ве преземат сензационалните FOOLISH GREEN (www.facebook.com/foolishgreenmusic), кои ќе ја освежат сцената на свој начин. Градот е во љубов со нив и тоа е добро позната приказна, етаблирана со стил и проткајана со заводливост.

Последни ќе настапат „Чиста околина“. За нив нема збор, оти се почеток на нашиот збор, за да го избегнеме парадоксот најавувајќи ги, го предлагам следниов концепт: затвори очи/затвори уши и за момент проектирај се во трескавична толпа носена од „Јас сум шеф“, „Ѕвонарот на дикцијата“, „Пуздер“, „Нешто блиску до реума“…

Ќе настапат и искусните мелодиски волци FUNK SHUI (www.facebook.com/shuithefunk), така и се потпишуваат. Еден час ќе ве тресат, интензивно, на моменти дури грубо. Со два албума зад себе и концепт за одржлива треска пред себе, ако досега не сте им дозволиле да ве поведат, ова е суперможност и крајно време за тоа!

Влезниците се во претпродажба уште од 7 декември и чинат 150 денари, а на врата ќе чинат 200 денари. За сите што не можат да платат влезница може да влезат испраќајќи ја работната биографија, која потоа ќе патува до претпоставените на компаниите, кои го поддржаа овој настан.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.