Следи нѐ
To Top

Бастил доаѓаат на Егзит 2016, Лост Фриквенсис на Си денс!

Инди-рок сензацијата и еден од најпопуларните нови британски бендови Bastille (Бастил) ќе има чест да настапи на отворањето на „Егзит“ фестивал во четврток, 7. јули на главната бина.

Четворката од Лондон за кратко време ја освои планетата со апсолутниот хит „Pompeii“ кој бележи скоро 300 милиони „јутјуб“ прегледувања и изразито популарните песни „Things We Lost in Fire“ и „Oblivion“. Со над десет милиони продадени примероци од првиот албум „Bad Blood“, кој за кратко време го освои првото место на британската топ листа, со четири номинации за Британските музички награди и освоените ласкави награди за најдобар нов бенд, музичката сцена со големо внимание го исчекува новиот албум закажан за следната година.

Со настапите на најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“, „Роскилде“, „Кочела“ и многу други, четворката од Лондон покажа зошто важи за еден од најдобрите „лајв“ состави на светот! И „Си Денс“ ќе биде отворен со некои од најголемите актуелни хитови, бидејќи морското поглавје на „Егзит“ Авантурата ќе го отвори белгискиот хитмејкер Lost Frequencies (Лост Фриквенсис)!

Двата најголеми летни хитови „Are you with me“ и „Reality“, кои заедно бележат над 200 милиони „јутјуб“ прегледувања ќе се пејат во хор на Јаз на 14. јули, токму како што порачуваат и стиховите, со задолжителниот залез на сонцето и првите вечерни бои на Јадран. Во прашање се хитовите кои се најдоа меѓу десетте најслушани во изминатата година според податоците од сервисите „Шазам“, „Спотифај“ и „Јутјуб“, на кои белгискиот продуцент Felix De Laet (Феликс Де Лает), како што му е полното име, се најде во друштво на хитмејкерите како што се Wiz Khalifa (Виз Калифа), Ellie Goulding (Ели Гулдинг), Kygo (Кајго) или Feder (Федер)!

Голема новогодишна акција: 1 влезница за 2 фестивала!

За време на новогодишната акција, влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по промотивната цена од 3.599 денари, со 70% попуст и со подарок влезница за „Си Денс“ фестивал! Строго ограничениот број на влезници во рамки на оваа акција во Македонија е достапен преку продажната мрежа на МКтикетс, а повеќе информации за новогодишната понуда можете да најдете на mktickets.mk и на exitfest.org .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.