//
Следи нѐ
To Top

Вечерва предновогодишна средношколска забава во гимназијата „Орце Николов“

Вечерва со почеток од 19.30 часот во гимназијата „Орце Николов“ ќе се одржи предновогодишна средношколска забава, која според организаторите е на пат да прерасне во традиција.

На настанот ќе настапат 6 средношколски бендови, меѓу кои Decibell, String Road, Змајови, Црвена Ципела, Шума, F. F. F., а крајот е препуштен на двајца диџеи.

реклама

Настанот, кој е во организација на IT секторот кој оваа година слави 2 години од неговото постоење, е предвиден да трае од 19:30 до 22:30. Картите се во продажба на самиот влез и чинат симболични 50 денари. Во училишниот хол ќе биде поставена и кутија за донации со цел да се разубават празничните денови на оние кои најмногу им е потребно.

Медиумски покровител на настанот е Популарно.мк

Да ја почувствуваме новогодишната еуфорија на уште една одлична забава во Орце!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: