//
Следи нѐ
To Top

ФОТО: Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Њу Менс Бизнис Акселераторот

Вчера во просториите на Њу Менс Бизнис Акцелераторот се одржа новогодишен собир на кој почесен гостин беше претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, а меѓу присутните беа студенти, соработници, старт-ап тимови и партнери кои се дел од заедницата на акцелераторот.

Целта на настанот беше да се претстават активностите, остварените разултати, искуствата од досегашните реализирани програми како и зацртаните цели и целокупната визија на акцелераторот за наредната 2016 година.

реклама

Претседателот им се обрати на присутните за предизвиците на новото време, но и за можностите кои младите ги имаат за да ги остварат своите професионални аспирации.

– “Нас нѐ учеа да пливаме во базен, а вие веќе пливате во океан. Можеби океанот ви налага повеќе предизвици, но ви дава поголема слобода и многу можности кои драго ми е што имате место каде да научите како да ги искористите!”, пренесе Иванов. Тој исто така им порача на младите да не дозволуваат помалку амбициозните во околината да влијаат врз остварувањето на нивните големи идеи и планови.

02

Дел од студентите се вклучија во дискустијата при што ги потенцираа практичните вештини и знаења што ги добиваат во Академиите на Акцелераторот преку реалните мастер проекти на компаниите партнери, а стартап тимовите ги посочија конкретните знаења што ги добиваат за подобрување на нивните производи, бизнис модели и настап на пазарот но и можности за  вмрежување и пристап до инвестиции.

Сопственикот на компанијата Fx3x, Кристијан Даниловски, ги посочи позитивните искуства од соработката со Њу Менс при изнаоѓање и обучување на најсоодветен кадар како и за можностите кои акцелераторот ги нуди на сите оние кои се амбициозни, сакаат да иновираат и напредуваат.

– “Ви благодариме што секојдневно сте нѝ инспирација и поттик за да создаваме уште поголеми можности за младите амбициозни луѓе во Македонија и во наредните години што доаѓаат.”, изјави Ирена Чаушевска, основач и генерален менаџер на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, во своето обраќање кон присутните.

06

По средбата со учесниците на различните програми претседателот Ѓорге Иванов заедно со претставници од неговиот кабинет одржа средба и со сопственикот и генерален менаџер на Њу Менс бизнис акцелераторот Ирена Чаушевска каде што се разговараше за преземање на што повеќе активности во текот на 2016 година со цел младите и компаниите од Македонија да реализираат што повеќе глобално препознаени иновативни проекти и производи.

Со реализирани 89 професионални и кариерни настани, вкупно 71 студенти во академиите за 2015 година, реализирани 2 смарт-ап школи, поддржано отворање на повеќе нови бизниси и иновативни проекти, остварени соработки со интернационални и глобално познати компании како NASA, Google, SpaceX, Virgin Galactic, Rapid7, Blizzard, акцелераторот за помалку од 2 години ги остварува своите цели и континуирано обезбедува се повеќе можности за сите млади амбициозни луѓе во Македонија и надвор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: