//
Следи нѐ
To Top

Џон Леџенд и Криси Тајген го открија полот на нивното бебе

Џон Леџенд и Криси Тајген пред нешто повеќе од еден месец објавија дека чекаат бебе, а сега конечно го објавија и неговиот пол.

Откако со години се обидуваше да забремени, Криси конечно остана во блажена состојба и тогаш среќната вест двојката ја објави на Инстаграм, пропратена со црно-бела фотографија на која славниот пејач нежно го допира стомакот на убавата менекенка.

реклама

Криси тогаш тврдеше дека смета оти ќе роди близнаци, но сега манекенката, исто така на Инстаграм, објави дека ќе добие ќерка.

Таа објави фотографија од насловната страна на „Вог“, направена неодамна во нејзиниот роден Тајланд, и под неа напиша: „Многу сум горда и почестена затоа што сум на насловната страна на тајландскиот „Вог“. Горда сум, бидејќи тоа е остварување на моите соништа, а и затоа што неколку минути по ова снимање, Џон и јас дознавме дека ни пристигнува девојче“.

– Џон и е голема поддршка на сопругата и ќе направи се за да и биде добро. Како и секоја година, двојката празниците ќе ги помине со семејството, откри непознат извор за „Е онлајн“.

А додека го чекаат моментот кога своето девојче првпат ќе го земат в раце, Џон може да напише и некоја песна за неа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: