//
Следи нѐ
To Top

ФОТО: Македонија го доби првиот прототип на паметни влошки кои произведуваат електрична енергија

Оваа година се одржа првиот климатски камп во Македонија, ,,Од Тебе Зависи”, кој имаше за цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

Победничкиот тим доби 10.000 долари за револуционерните паметни влошки кои генерираат електрична енергија за полнење батерии од најразлични гаџети како смарт телефони, таблети, лаптопи… Влошките во чевлите кои генерираат електричнаенергија се први од ваков тип во Македонија, а претставуваат иновативно решение кое има за цел да ни помогнеме за да живееме во почиста и поздрава околина.

реклама

Денеска влошките пред јавноста ги презентираше нашиот најдобар маратонец Кокан Ајдановски, кој трчајќи со паметните влошки успеа да го наполни својот таблет.

IMG_8573

Климатскиот камп „Од Тебе Зависи“ беше поддржан од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската Амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: