Поврзи се со нас

Популарно.мк

Крис Браун повторно осомничен за насилство врз жена

Сцена

Крис Браун повторно осомничен за насилство врз жена

Популарниот американски пејач Крис Браун наводно е повторно осомничен за насилство врз жена. Бразилскиот модел Лизиана Гутиереш тврди дека се обидела да го фотографира пејачот кој насилно и го одземал телефонот и ја удрил по лице. 

Браун, Новата година ја дочекал во Лас Вегас каде веќе на први јануари имал настап во еден од ноќните клубови, а проблемите со младата ѕвезда започнале веќе следното утро.

Како што пренесуваат американските медиуми, Браун забавата ја продолжил со голем број пријатели во една од хотелските соби во Палмс Казино Ресорт, од каде полицијата добила пријава во саботата околу 10:20 часот.

Полицијата го обвинила Крис за насилство врз девојка и обид за кражба, а според полицискиот извештај, една од девојките кои биле на забавата се обидела со телефон да го фотографира Браун кој веднаш ја нападнал, ја удрил по лице и и го одземал телефонот.

Наводно жртвата на 26-годишниот пејач е бразилскиот модел Лизиана Гутиереш.

Пејачот пред пристигнувањето на полицијата го напуштил хотелот, а неговиот портпарол вели дека тврдењата на девојките не се точни, туку дека најверојатно станува збор за освета со оглед на тоа дека Браун му наредил на обезбедувањето да ја исфрлат девојката од забавата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.