Следи нѐ
To Top

Груевски: Ќе доставам оставка што ќе биде ефективна 100 дена пред изборите

Претседателот на Владата Никола Груевски во вечерашното обраќање до јавноста истакна дека утре изутрина до претседателот на Собранието ќе испрати писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори. 

– Утре изутрина до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори, рече премиерот.

реклама

Премиерот оставката ќе ја достави до Собранието, како што кажа, бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.

– Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета незивесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас, сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива, истакна Груевски.

Оваа оставка, потенцира тој, „ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.