Следи нѐ
To Top

ФХ3Х учествуваше во два од петте филма номинирани за Оскар за визуелни ефекти

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х го објави своето учество во визуелните ефекти на „The Martian“ и “The Revenant“, два од вкупно петте филма номинирани за највисокото признание во индустријата, Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Номинациите за 88-то издание на Оскарот беа објавени во Семјуел Голдвин Театарот во Беверли Хилс. Актерот Џон Красински, претседателот на Академијата Шерил Бун Ајзак и режисерите Гиљермо дел Торо и Анг Ли ги објавија номинациите во сите 24 категории.

реклама

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти за Оскарот ќе се натпреваруваат уште и “Ex Machina”, “Mad Max: Fury Road” и “Star Wars: The Force Awakens”.

Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, сопственици на ФХ3Х, задоволни од објавените резултати на Академијата.

– Ни беше чест и гордост што бевме дел од такви проекти кои се натпреваруваат за највисокот признание за квалитет во нашата индустрија, особено што овие два филма се борат и за титулата најдобар филм во претходната година, велат Даниловски и Миливојевиќ.

Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи во Долби театарот во Холивуд, на 28 февруари, а водител ќе биде Крис Рок.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.