Следи нѐ
To Top

Собранието се самораспушти и ја избра новата Влада – Емил Димитриев е нов премиер

Собранието на Република Македонија вечерва со 72 гласа „за“, девет воздржани и ниту еден против, ја избра новата Влада.

Организирање фер и демократски избори на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе ја дадат својата доверба, продолжување на политиките за обезбедување на нивната иднина и вклучување во нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап се дел од целите на кои во своето експозе посочи мандатарот Емил Димитриев.

реклама

– Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија, рече Димитриев.

Имаме историска одговорност, додаде, сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап.

Граѓаните, рече Димитриев, од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина и наша обврска е тоа да им го овозможиме.

По изборот членовите на Владата дадоа свечени изјави.

Иако беа предложени од мандатарот на седницата не присуствуваа министрите од опозицијата за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски.

132990094

ФОТО: МИА

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.