Следи нѐ
To Top

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Мразам – значи постојам!

Исто како глупоста и омразата нема граници, без ограничувања дрско влегува таму каде љубовта веќе не живее… Колективната омраза го носи товарот на минатото, сакајќи да го „поправи“ минатото ја расипува сегашноста веќе отруена од граѓанска и политичка некултура без слух за демократија, а со призвуци на национализам и верска нетрпеливост.

Натрупувајќи ја омразата во порите на општество, истото репродуцира агресија, конфликт и жед за одмазда. Мизантропијата предизвикува општествена ентропија, колективна невроза и хаос, а недостатокот на емпатија, морална и емоционална интелигенција создава услови за колективна омраза и потреба за насилства.

Во таквиот деструктивен циклус Танатосот го турка Еросот, омразата ја убива љубовта, живото ја губи виталноста. Ако способноста на човекот да мрази се усоврши, тогаш љубовта се онеспособува. Ако не успееме да се справиме со омразата во себе, нема да знаеме ни да се покаеме за направеното зло.

Затоа љубовта и нејзината бескрајна толерантност треба постојано да растат во здрави емоции, да се борат со омразата за да ја спречат во нејзината деструктивност, мизантропијата да стане алтруизам, а наш императив да е : САКАМ – ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ!

ЉУБОВТА Е ДОБРИНА – ДОБРИНАТА Е ДОБЛЕСТ…

Секоја чиста љубов може во нас да разбуди сладок восхит но и скриено патење , таква е нејзината амбивалентност, не е едноставна и еднострана. Уште поголема вистина е дека љубовта треба да се чува и негува како нежно растение кое редовно да се залева , да се изнесува на сонце, да се чува од мразот и лекува кога пати, за да потрае подолго за оној кој сака да ужива гледајќи го како расте крај себе…

Децата ги подучуваме на многу неважни нешта заборавајќи дека најважно е да ги научиме да бидат добри луѓе, да знаат да сакаат и да возвратат на добрина со добро. За жал, на добрината се гледа како на слабост, како да е маана а не доблест, не ретко се изедначува со глупавост и наивност, а приказната дека животот е мочуриште со крокодили со кои треба да се бориш, се памети како аксиом. Но, децата негувани со љубов стануваат добри луѓе со развиена емоционална интелигенција и чувство за емпатија – ретки врсти во исчезнување…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјануари 18, 2016
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјануари 18, 2016
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјануари 18, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.