Следи нѐ
To Top

Адел ќе настапи на доделувањето на наградите Греми

Организаторите на доделувањето Греми награди ги соопштија имињата на изведувачите кои ќе настапат таа вечер, меѓу кои е и популарната пејачка Адел.

Адел се враќа на оваа сцена, на која последен пат настапи во 2012 година.

– Оваа постава на талентирани луѓе е само почеток, што повторно ќе докаже дека доделувањето на наградите Греми е една од најважните ноќи кога станува збор за музиката, изјави директорот на манифестацијата.

Кендрик Ламар, исто така, ќе биде една од ѕвездите на вечерта, имајќи предвид дека има најмногу номинации оваа година – дури 11.

Доделувањето на наградите Греми ќе се одржи на 15 февруари во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.