Следи нѐ
To Top

Каква цена таков и квалитет – внимавајте што купувате!

Вистинското прашање би било колку цената на производот е мерило за квалитетот кога самиот производител ја создава сакајќи што е можно подобро да се позиционира на пазарот.

Изминативе два дена во јавноста излезе информација за сокови за деца кои се продаваат по ниска цена, но со квалитет што е крајно спорен.

Детски сок, спакуван во колоритна и шаренолика амбалажа, доволно упадлива да ги заинтригира детските очи, посебно оние деца кои се доволно големи да купуваат сами, а недоволно да знаат да оценат што е добро а што не. На чистиот „отров во невина детска амбалажа“, како што беше квалификуван од загрижениот родител, стоеше едвај читко наведена листа на емулгатори и адитиви од различни категории, со силна моќ кон вештачко креирање на вкусот и уште посилно негативно влијание врз здравјето, моториката и когнитивните способности на децата. Најиндикативно кај овој производ беше цената од 5 денари. Цена доволно допадлива за децата, кои не знаат доволно и чија логика достига до заклучокот „помалку значи повеќе за мене“ но исто така и за несовесните, кои без грам совест и скрупули токму ваков производ создаваат и го прават најдостапен.

Кога на тендерите најважен фактор е цената може само да замислиме што нашите деца консумираат а притоа ги едуцираме за здрава исхрана и здрав начин на живот.

На македонскиот пазар има голема понуда на производи што се различни по цена и секако по квалитет. Според општо прифатеното правило, поголема цена значи и поголем квалитет и спротивно, ниската цена значи нискоквалитетен производ. Но, дали само ценета може да биде мерило за еден производ. Во зависност од потребата и намената, цената може да има различна улога и да претставува различен фактор во вистинската проценка на еден производ. Ако, во малопродажба цената е право-пропорционално поставена со квалитетот на производот, сосема е спротивен пристапот во тендерска набавка, односно секогаш се избираат производи со пониска цена. А секако истите производи што се во нашите маркети, учествуваат токму на овие тендери и еден ден ќе се најдат во нашите училишта, градинки, новогодишни пакетчиња.

Сепак, дали тоа значи дека задолжително треба да ги избираме најскапите производи и дека тие загарантирано ни даваат квалитет. Секако, не! Во создавањето на вистински вреден и квалитетен производ учествуваат многу фактори а нивното препознавање и следење може да нè одведе до вистинскиот и правилен избор, а тоа е одличен производ со пристапна цена.
Не сите купувачи знаат дека во создавањето на цената на еден производ, компанијата калкулира повеќе варијабли. Пред се, тука е степенот на квалитет на производот, квалитетот на состојките и суровините што се употребени, амбалажата. Оние фактори што како купувачи не ги знаеме се реномето на самата компанија, историјата, традицијата, инвестициите и колку компанијата вложила во својот технолошки процес, производни сертификати што ги поседува и што го гарантираат квалитетот, колку време е на пазарот и колку се вреднува како капацитет. Сите тие пак придонесуваат кон тоа една компанија преку своите производи да создаде вистински бренд, изграден и познат што е најсигурниот показател за вредноста на производот и она што се крие зад пакувањето.

Додека цената на увозните производи е висока како резултат на транспортни трошоци, царини и маржи, производите од домашните компании ја имаат вистинската вредност. Со традиција што ја создале пред нашите очи, имплементирале глобални знаења, вовеле модерна технологија, постигнале стандарди, секојдневно создаваат квалитет и го пласираат на пазарот со цена прилагодена точно според нашите купувачки можности.

Тоа значи дека квалитетот не е императивно скап, тој е многу достапен и лесно препознатлив, само треба да го побараме меѓу познати имиња, токму од нашата околина, имиња на компании и производи што ги знаеме и со кои сме растеле.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјануари 25, 2016
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјануари 25, 2016
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјануари 25, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.