Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нови тврдења дека Тупак Шакур сепак е жив

Сцена

Нови тврдења дека Тупак Шакур сепак е жив

Кога се во прашање починатите ѕвезди, многу често се јавуваат теории на заговор според кои славните личности ја лажирале својата смрт и некаде живеат во тајност и одлично се забавуваат. 

Меѓу ѕвездите кои најчесто „воскреснуваат“ на овој начин се Курт Кобејн и Мајкл Џексон, а во моментов најновите гласини се дека и Тупак Шакур е жив, за што е „виновна“ една фотографија се шири низ социјалните мрежи.

Според оние кои се уверени во автентичноста на фотографијата, славниот рапер, кој почина на 13 септември 1996 година, наводно се забавува со Ријана на Куба.

Станува збор за фотографија која всушност кружи по интернетот уште од 2012 година, а секој пат кога ќе се појави, повторно ги разгорува гласините дека Тупак ја лажирал својата смрт.

133000156

Овој пат гласините повторно ги прошири порталот „Репортез“, кој и самиот признава дека сака „да ги менува фактите”, но тоа не ги обесхрабри фановите кои се надеваат дека нивниот миленик и натаму е жив и здрав.

Тупак почина во болница во Лос Анџелес, една недела по атентатот врз него, чии извршители се уште не се познати.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.