//
Следи нѐ
To Top

ПМ 10 честичките достигнаа до 800 микрограми

Во скопските општини во текот на ноќта концентрациите на ПМ10 честичките во воздухот достигнаа до 835 микрограми на метар кубен. Во Центар максималната концентрација е измерена во три часот од 537 микрограми, во Лисиче 835 во 22 часот, во Ректорат 623, во Гази Баба 490 микрограми и во Карпош 322 микрограми на метар кубен. Во Тетово се измерени 828 микрограми во 23 часот.

Утрово најзагадено е во скопската општина Центар. Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово измерена е концентрација на ПМ10 честичките од 276 микрограми на метар кубен. Во Карпош 207 микрограми, Лисиче 182, кај Ректорат 146 и во Гази Баба 136 микрограми.

реклама

Во Тетово се измерени 218 микрограми. Во Битола 64 и 63 микрограми.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: