Следи нѐ
To Top

Весникот „Нова Македонија“ утре ќе ги додели наградите „личност на годината„

Првиот дневен весник во нашата држава, „Нова Македонија“, во 2012 година ја воведе наградата „личност на годината“, која ја добиваат најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.

Редакцијата и годинава избра осум личности од јавниот и општествениот живот што, според нашите оцени, заслужуваат да го добијат признанието „личност на годината“ за 2015 година.

реклама

На сите нив на свечена церемонија, која ќе се одржи на 5 февруари, со почеток во 12 часот, во портата „Македонија“, ќе им бидат доделени посебни признанија и статуетки, по што е предвиден и коктел за сите гости.

Како прв дневен весник, наедно и врсник на државата, „Нова Македонија“ чувствува посебна обврска да ги вреднува оние што несебично се жртвуваат и се ангажираат за добросостојбата на својот народ и за својата држава.

Наши годинашни лауреати за изборот „Личност на годината‘‘ се:

– Никола Маџиров, поет
– Благој Нацоски, оперски пејач
– Ленче Здравкин – ангелот на бегалците
– Глигор Цветанов
– Дуке Бојаџиев
– Кристијан Даниловски
– Евгениј Поп Ацев, маратонски пливач
– Кирил Лазаров, ракометар

Редоследот на горенаведените имиња е сосема случаен, бидејќи сите тие се наши победници и рамноправни добитници на годинашните признанија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.