Следи нѐ
To Top

Викторија Бекам: Каков развод, сопругот ми е инспирација

Се чувствувам благословена што имам прекрасен сопруг и деца кои неизмерно ме сакаат, изјави Викторија Бекам (41) и ги демантираше гласините дека се разведува од сопругот Дејвид (40).

Британската дизајнерка и поранешна членка на поп-групата Спајс Грлс изјави дека веќе е уморна од приказните за нивниот живот.

реклама

Таа тврди дека не можела ни да посака подобар сопруг, кој и после 16 години брак ја усреќува.

– Дејвид ме инспирира и води низ животот. Тој постигна толку многу во професионалниот и приватниот живот што секому може да послужи за пример, вели Викторија, за својот сопруг, поранешен фудбалер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.