//
Следи нѐ
To Top

Уште неколку дена до големиот концерт на Жељко Самарџиќ, специјален гостин Наум Петрески

Има само уште неколку дена до концертот на една од најголемите ѕвезди од соседството Жељко Самарџиќ, закажан за 13 февруари во нашата најголема спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Познатиот шармер доаѓа во месецот на љубовта и на виното, а специјален гостин на концертот ќе биде миленикот на повозрасната, но и на помладата публика, Наум Петрески.

реклама

– Многу ми е драго што ќе пеам токму на овој датум, а најмногу би се израдувал доколку се случи некое запросување. Тоа е нешто што секогаш буди искрена емоција во мене – изјави Самарџиќ за едно од неговите гостувања пред неколку дена во Скопје.

Инаку влезниците за овој концерт може да ги купите преку продажните места на „купикартазасе“, „Розе Веро 2“, „Југотон“, а исто така ќе има и организиран превоз од повеќе градови од земјата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: